Челзи одигра очајно прво полувреме во кое упатија само еден шут кон голот на домаќините. Кристал Палас со голот на Лерма имаше водство од 1-0.
Но, во второто полувреме на сцена стапи Конор Галагер кој една сезона од својата кариера помина и во Кристал Палас.
По само две минути игра во второто полувреме Галагер го изедначи резултатот на 1-1.
Се чинеше дека ќе нема победник на овој дуел, но Галагер во 91. минута постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на Челзи од 2-1.
Кристал Палас со сите сили тргна по израмнување, а тоа му овозможи контранапад на Челзи која ја реализираше аргентинецот Енцо Фернандез за конечна победа на сините од 3-1.
Следен ривал на Челзи во Премиер лигата е шампионот Манчестер Сити, а Кристал Палас го игра дербито за опстанок со Евертон.