Напаѓачот Ведат Муричи неколку сезони настапува на највисоко ниво во шпанска Мајорка, и е ударна игла во нападот на тимот кој го води искусниот Хавиер Агире.

Репрезентативецот на Косово оваа сезона не е ефикасен како во претходните две, но сепак денеска дојде до израз на дуелот против својот омилен противник.
Рајо Валјекано е навикнат да прима голови од Муричи последниве сезони, а Ведат денеска го постигна петтиот во низа на последните пет меча против Столе и соиграчите.

Денешниот го постигна во 91-та минута и истиот беше вреден победа, бидејќи Мајорка со неговиот извонреден удар со глава победи со 2:1.

Муричи беше највисок и најснаодлив во скокот во кој потфрлија дефанзивците на Рајо, по што Столе не можеше да направи ништо.

Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК