Црно-белите одиграа одлични педесетина минути, двапати беа во водство, но на крајот беа демолирани среде Белград. Натхо ги донесе белграѓани во водство уште во 13. минута, а Јовиќ на самиот старт на второто полувреме донесе 2-1 по претходното изедначување на Торнастра во 20. минута.
Тоа како да ги налути гостите, кои во 25 минути постигнаа четири погодоци и го решија проблемот наречен пласман во четвртфинале. Стрелци на головите беа Десерс во 52. минута, Гертруида во 64. минута, Синистера во 71. минута и повторно Торнастра во 77. минута.