Бремер доаѓа да ја засили дефанзивата и да ја пополни дупката откако „старата дама“ за 77 милиони евра го продаде холандскиот стопер Матијс Де Лихт во Баерн Минхен. Бразилецот потпиша договор со Јувентус до 2027 година.
Тој од 2018 година е во Италија откако дојде од Бразил, каде играше за Депортиво Бразил, Сао Паоло и Атлетико Минеиро, а за Торино одигра 110 меча од кои 105 како стартер и даде 13 гола.