Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ќе ја напушти Фиорентина. Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да ги урне сите рекорди и да го доведе на „Емирати“ еден од најперспективните напаѓачи во Европа.
Фиорентина за неговите услуги бара 70 милиони евра и „топчиите“ се подготвени да ја платат отштетата. Влаховиќ бара неделна плата од 200.000 евра, што е околу 10 милиони годишно, и договор за пет сезони, плус 20 милиони европски банкноти за својот агент.
Арсенал е подготвен да ги исполни сите овие барања и да го доведе во своите редови. Се чини дека работата е многу блиску до реализација