Венеција играше со фудбалер помалку на „Олимпико“ еден час, но Рома не успеа да стигне до победа. Храбрите гости извлекоа реми (1-1), но мора да се признае дека имаа и многу среќа. Победата на Рома и беше потребна во трката за излез на европска сцена.