Антонио Касано му гостуваше на Пари Сен Жермен на натпреварот кој клубот го одигра вчера против Сент Етјен, а после тоа имаше можност да дојде пред соблекувалната на парискиот клуб во друштво на своите деца. Таму е снимена сцена која покажува колку му се восхитува на Лионел Меси.
Касано го искористи моментот и да ги фотографира своите деца со други клупски ѕвезди како Килијан Мбапе, Нејмар и Серхио Рамос, но на својот Инстаграм профил објави само една објава, онаа со Меси. Во исто време се слуша како го прегрнува аргентинскиот напаѓач и вели: Бог постои.
Меси му намести два гола на Мбапе на натпреварот против Сент Етјен, а ПСЖ победи со 3:1.