Најтрофејниот македонски тим скопски Вардар во третиот меч стигна до првиот триумф на подготовките во Анталија во Турција.
По поразите од Заглебје и Аркадаг, „црвено-црните“ беа подобри од узбекистанскиот Металург Бекабад со 2-0. Стрелци на головите беа Ристовски во 16. и Лемос во 43. минута, а во второто полувреме немаше поголеми возбудувања.
Својот четврти натпревар од подготовките, Вардар ќе го одигра в понеделник против швајцарскиот Кројцлинген, а престојот во Анталија ќе го заврши со дуелот против Колос од Украина во вторник.
Новиот тренер Горазд Михајлов им даде шанса на повеќето фудбалери и тие колективно одлично одговорија.
Следниот натпревар Вардар го игра в понеделник против швајцарската екипа Креузлинген.