Фабрицио Миколи мора да оди во затвор. Миколи беше осуден за рекетирање пари со помош на Мауро Лаучирела, мафијашки бос во Палермо, кој беше осуден на седум години затвор.

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Палермо и неговите адвокати ќе го изберат затворот во кој ќе ја одлежува казната, а Газета дело Спорт пишува дека одењето во затвор е неизбежно, без разлика на жалбата.

Пред десет години Миколи под насилство и закани се обиде да земе 12.000 евра. Сакал да изнуди пари од Андреа Графањини, сопственик на ноќен клуб. Потоа користел мафијашки методи.

Миколи во текот на кариерата играше за Касарано, Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо, Лече и Биркиркара. Беше член на славниот Јувентус со Алесандро Дел Пјеро, Џанлуиџи Буфон, Павел Недвед, Давид Трезеге.

Најдобро играше во Палермо од 2007 до 2013 година, кога на 165 натпревари постигна 74 гола. Десет пати играше за Италија и постигна два гола.

Еве неколку од неговите поубави голови:

https://twitter.com/thesefootytimes/status/1386588389940600834?s=20