Барди веќе една година се поврзуваше со трансфер, беше во фокусот и зимава, но до трансфер не дојде, па сега овој клуб кој е последен во Ла Лига и прв фаворит за испаѓање ја искористил опцијата со клаузула во договорот дека може еднострано да го продолжи договорот за уште две сезони, ставен при потпишувањето на новата соработка со подобрени услови со македонскиот репрезентативец.
Овој потег Леванте го искористи со цел на лето да не го загуби Барди, без оглед дали клубот ќе остане во Ла Лига или ќе испадне во Сегунда, со цел да заработи добра сума. Според „Кадена Сер“, Леванте веќе го известил Барди дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката.
Леванте бара 10 милиони евра кои треба да ги обезбеди до лето, а најголем дел од парите клубот сака да ги заработи од продажба на Барди, зашто вкупниот долг поради економската криза предизвикана од ковид-пандемијата стигнал до 23 милиони евра.
Барди во Леванте дојде во летото 2017 година после настапот на младинското Еуро 2017 од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра.