Проблемот излезе зашто дел од фудбалерите кои играат во Премиерлигата лажеле во своите анкетни листови околу тоа кога последен пат играле во Англија, а оваа земја во тој момент беше на црната листа во Бразил и беше задолжителен карантин од 14 дена за секој што доаѓа од Острвот.
На крај мечот заврши на самиот почеток со скандал, па сега ФИФА удри по „кариоките“, кои ќе мора да платат пола милион швајцарски франци за прекршоци со редот и безбедноста. Аргентина ќе мора да плати 200.000 швајцарски франци поради прекршоци со редот и безбедноста, подготовката и учеството во мечот.
Двете селекции плус ќе треба да платат по 50.000 швајцарски франци, вкупно 100.000 за одложување на мечот, па севкупно касата на ФИФА ќе се наполни за 800.000 швајцарски франци.
Дополнително, аргентинските репрезентативци Емилијано Буендија, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро заработија суспензии од по два меча зашто не го почитувале протоколот на ФИФА, односно тие се спорните играчи што здравствените власти тргнаа да ги апсат.