Во градското дерби против Еспањол, Барселона ремизираше 2:2 со голот на Лук де Јонг длабоко во судиското надополнување, а дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо го украде вниманието со недолично однесување .
Многу тензии на дербито меѓу Еспањол и Барселона, ништо неочекувано и ново, а овој пат се беше зачинето со омаловажувачките гестови на Роналдо Араухо.
Дефанзивецот на Барселона беше снимен како покажува со палецот надолу кон клупата на Еспањол и дека ќе се преселат во втора лига. Секако, ова беше осудено, па Чави мораше да се извини по средбата.
„Не го видов тоа, но мораме да го почитуваме противникот, судиите и противничките навивачи. Секогаш мораме да покажеме почит иако понекогаш се креваат тензии. Ако тоа се случи, тогаш се извинувам бидејќи тоа не требаше да се случи “, изјави Чави по средбата.
Араухо подоцна се извини.
„Сакам да им се извинам на сите луѓе во Еспањол за непримерните гестови што ги направив. Сето тоа се случи поради зголемените тензии што ги носи дербито, се сметам себеси за личност која ги почитува противничките навивачи и клубови и затоа не сум горд на ова.”