Сергеј Палкин, директорот на Шахтер објави денеска дека еден од тренерите во школата на клубот загинал од шрапнел од граната на руската армија и тој е четвртата спортска жртва од оваа војна, откако во изминативе денови загина еден голем украински талент во бијатлон, Јевхен Малишев, кој немал ни полни 20 години, како и двајца фудбалери, Витали Сапило (21) и Дмитро Мартиненко (25), кој во минатата сезона бил прогласен за најдобар фудбалер во Втората лига на Украина.
„Еден од нашите вработени е убиен. Тренер во младинските категории. Дел од граната го усмрти. Запрете го ова лудило, не може да бидете тивки. Секој што молчи е виновен и одговорен за ова што се случува“, објавил Палкин.
Шактер е од Доњецк, но после мајданската револуција овој про-руски регион населен во најголем дел со Руси откажа послушност на Киев и тргна да се отцепи, па дури пред актуелнаат инвација Русија го призна како независна република, поради што клубот беше протеран и од 2014 година играше прво во Лвов, па во Киев.