Според претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, 11 клубови се уште се под договор со Суперлигата, додека само Интер успеал да го раскине договорот .
Веста за формирањето на Суперлигата за 12-те најбогати европски клубови предизвика голема бура во фудбалскиот свет, но по големото незадоволство на навивачите ширум Европа, федерациите и другите клубови, а на крајот и на УЕФА, девет клуба се откажаа.
Сепак, до денес само еден од тие 12 клуба го раскинал договорот и повеќе не е дел од таа приказна, а тоа го потврди и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Станува збор за милански Интер, кој поради клаузулата што ја стави во договорот повеќе не е дел од Супер лигата, кој остана на договор со 11 клубови.
Интер имаше клаузула во договорот дека може да се повлече од проектот доколку не добие поддршка од сите свои спонзори. Интер, исто така, беше единствениот од сите 12 клуба кој вклучи такво нешто во договорот.