Шпанскиот гигант и лидер во Примера, Реал Мадрид одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Реал Бетис во Севиља, и сега има само еден бод предност пред каталонска Џирона која има утре дуел против Барселона.

Реал Мадрид загуби два бода од гостувањето кај Бетис каде одигра 1-1, Џуд Белингем постигна уште еден погодок.

По осум минути игра во второто полувреме Реал Мадрид дојде до водство со гол на Џуд Белингем. Тоа беше негов 12. погодок во Ла Лига оваа сезона.

Во 66. минута Руибал постигна фантастичен погодок од далечина и ги постави конечните 1-1.