Победничката серија на Арсенал заврши во Бирмингем. Фудбалерите на Астон Вила продолжија со фантастичните игри сезонава, на домашен терен го совладаа досегашниот лидер на премиерлигашката табела, тимот на Арсенал со 1-0.

Најголем добитник од овој резултат е тимот на Ливерпул, кој по триумфот со пресврт кај Кристал палас (2-1) и помошта од Астон Вила, сега ќе остане лидер на табелата во Премиер лигата најмалку до следното коло. „Црвените“ се први со 37 бода, еден повеќе од Арсенал, а два од третопласираната сензација од Бирмингем.