Македонецот Дориан Бабунски постигна гол во дресот на новиот клуб Грасхоперс и го реши најголемото дерби во швајцарскиот фудбал на гости кај Базел.
Екипата на Грасхоперс оствари огромна победа на гостувањето кај Базел, а егзекутор и најголем „виновник“ е македонскиот напаѓач. Бабунски во 72. минута направи вистинско ремек дело и постигна еврогол за Грасхоперс и донесе молк на трибините а огромна радост за гостинските фанови. Надвор од шеснаесетникот се ослободи од директниот чувар, а потоа испрати „проектил“, кој домашниот голман го испрати само со поглед.
Бабунски својот прв погодок во дресот на Грасхоперс го постигна пред два месеци, на дуелот против Ивердон.