ПСЖ ја продолжи феноменалната серија победи во француската Лига 1, откако со триумф на домашен терен против Нант (2-1) дојде до дури осмиот триумф во низа.

Баркола пред крајот на првото полувреме ги доведе „светците“ во водство, но жилавиот гостински тим десетина минути по стартот на вториот период преку Мостафа Мохамед дојдоа до изедначување. Квалитетот на тимот од престолнината до израз дојде пред крајот на мечот, кога Коло Муани во 83. минута го постигна погодокот вреден три бода.

 

ПСЖ останува убедлив лидер на табелата со 36 бодови, шест повеќе од второпласираниот Монако по 15 рунди од францускиот шампионат.