Алф Инге Халанд, таткото на Ерлинг, во документарниот филм „Халанд – големата одлука“, ги откри деталите за еден од најважните трансфери во последните децении. Онаа во која неговиот син по две и пол години во Борусија Дортмунд и дури 86 гола и 23 асистенции на 89 настапи летово се пресели во Манчестер Сити за 60 милиони евра.
Младиот (22) феноменален стрелец ја продолжи својата спектакуларна голгетерска форма во најдобриот англиски клуб и на првите десет натпревари за Сити постигна 14 гола, соборувајќи и поставувајќи голем број рекорди.
Сепак, Халанд беше многу посакуван од сите гиганти и нивната борба и наддавање за него траеше долго. Шармот на документарецот е што ги снима Халандови додека размислуваат за кој клуб ќе се одлучат месеци пред трансферот.
Халанд постариот вели:
„Имаме листа на фаворити и на неа Манчестер Сити е на прво место како најдобар клуб за Ерлинг. На второ место е Баерн, а број три е Реал. Четврто место го држи ПСЖ. Во вториот ешалон следат Ливерпул и Челси, а потоа конечно е Барселона“, набројува поранешниот фудбалер.
Во филмот зборува и главниот лик кој објаснува како Сити стана дефинитивен избор:
„Никогаш не избрав клуб поради тренерот, но во овој случај големата предност на Сити беше што го води Пеп Гвардиола, најдобриот тренер во светот”, призна Ерлинг.
Моментот кога Халанд реши да замине во Сити беше во втората недела од април и беше снимен и во филмот:
„Тоа е најдобриот спортски проект во светот и оној во кој ќе бидам најдобар“, истакна младиот ас.