Екипата на Манчестер јунајтед го совлада Евертон со 3-0 на „Гудисон парк“ во 13. коло од англиската Премиерлига и се проби до шестата позиција на табелата.
„Црвените ѓаволи“ го постигнаа првиот гол во третата минута, кога Алехандро Гарначо со ножички ја затресе мрежата на Евертон, додека останатите два погодоци беа постигнати во вториот дел.
Маркус Рашфорд од пенал зголеми на 2-0 во 56. минута, додека Ентони Марсијал во завршницата ги постави конечните 3-0.
Екипата на Ерик Тен Хаг се наоѓа на шестата позиција со 24 бодови, односно шест помалку од лидерот Арсенал.