Антонио Конте поставил ултиматум до раководството на Тотенхем. Тој бара неколку засилувања, а доколку не ги добие, можно е дури и да дојде до разделба.

Фудбалерите на Тотенхем се плашат дека Италијанецот би можел да ја напушти клупата овој месец, доколку Даниел Ливи не го исполни летното ветување и не го засили тимот.

Самиот менаџер премолчено ги отпиша Деле Али, Доерти, Винкс, Родон, Брајан Хил, сака да го продаде Ндомбеле, а Бергвајн би можел да го напушти клубот, доколку биде прифатена понудата на Ајакс.

Јасно е дека италијанскиот стратег Конте сака да го промени тимот во јануари, тој ги предупреди директорот Паратичи и претседателот Леви дека без засилувања клубот од Лондон нема што да бара во борбата за Топ 4  во Премиер лигата и дека ако не влезе во Лигата на шампионите ќе се зголеми уште повеќе јазот во однос на другите клубови.

Конте потпиша договор на само 18 месеци и тврди дека треба да заслужи нов со добри резултати.