Французите победата ја најавија уште во втората минута кога по асистенција од Мбапе,  Антоан Гризман даде гол за водство на Франција од 1-0.

Само шест минути подоцна веќе беше 2-0, голот го постигна Упамекано. Во 21. минута погоди и Мбапе за убедливи 3-0. Тоа беше негов прв гол како капитен на Франција.

Звездата на ПСЖ, МбапеНо, го постигна и вториот гол, шутираше прецизно во 88. минута поставувајќи го конечниот резултат од 4-0.

Холандија во судиското продолжение имаше пенал, но Мањан му го одбрани шутот на Депај.