Берлинска Херта го победи Шалке со 2-1 во рамки на 11.коло во Бундеслигата.
Ниту промената на клупата кај составот од Гелзенкирхен не донесе промена во играта, бидејќи Шалке го запиша петтиот пораз во низа. Лукас Тусар во 49.минута погоди за 1-0 за домашните. Флоран Молет израмни на 1-1 во 85.минута, но сите надежи на гостите за поволен резултат ги урна Вилфрид Канга во 88.минута за конечни 2-1.
Херта е на 13.место со 11 бодови, додека Шалке е закован на дното, односно 18.место со само шест освоени бодови.