Домаќинот на ЕП за фудбалери до 21 година, селекцијата на Грузија постигна изненадувачка победа против Португалија, но вториот организатор на турнирот не се прослави.
Романската репрезентација убедливо загуби од еден од фаворитите за освојување на титулата, Шпанија, со 0-3 (0-0).
Со овие три бода Шпанија направи голем чекор кон нокаут-фазата, а со тоа и кон Олимписките игри во Париз следната година.
Португалците беа големи фаворити пред мечот, но домаќинот Грузија уште во првото полувреме постигна два гола, а во вториот дел успеа да се одбрани од противничките налети.
Во вториот дуел од оваа група, Белгија и Холандија ремизираа без голови. Украина со 2:0 ја победи Хрватска.