Европскиот фудбал полека започна да ги губи најголемите фудбалски ѕвезди. Кристијано Роналдо го отвори патот на играчите кон Саудиска Арабија, а веднаш по него во оваа арапска земја дојде и Карим Бензема, па Хаким Зијеш, Рубен Невеш, Менди…
Европскиот фудбал започнува еден поеден да ги губи големите фудбалски звезди, мотивирани од огромната заработувачка.
Според поледните најави, португалскиот репрезентативец Бернардо Силва, големата звезда на новиот европски првак Манчестер Сити се договорил кариерата да ја продолжи во еден од клубовите во Саудиска Арабија, пренесува „Марка“.
Бернардо Силва има само 29 години и е во најдобрите фудбалски години и неверојатно би било да се реши да замине во Саудиска Арабија. Сепак, неверојатните пари што ги нудат клубовите од оваа земја се магнет за фудбалерите.
Саудиска Арабија не крие дека сака да доведе што е можно повеќе фудбалски ѕвезди и сите тие потоа да лобираат во трката оваа земја да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.