Челзи со 2-1 со пресврт го совлада Динамо Загреб. Откако Бруно Петковиќ погоди за 0-1, Рахим Стерлинг и Денис Закарија го свртеа резултатот за „сините“. Двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа во почетниот состав кај „модрите“, но не го доиграа натпреварот, бидејќи излегоа од игра во второто полувреме.
Челзи го освои првото место во групата Е со 13 бодови, Милан е втор со 10. Салцбург продолжува во Лигата на Европа со шест бодови, додека Динамо е последен со четири.
Манчестер сити го потврди првото место во групата Г откако со 4-1 ја совлада Севилја. Борусија Дортмунд ремизираше 1-1 на гостувањето кај Копенхаген и му се придружи на премиерлигашот во нокаут фазата. Севилја е трета и продолжува во Лигата на Европа.