Екипата на Реал Мадрид доби два пенали па успеа да го совлада незгодниот тим од Сан Себастијан. Фудбалерите на Реал Мадрид дојдоа до третата победа во петтиот меч сезонава во Ла Лига и тоа на гостувањето кај Реал Сосиедад (2-0).

„Кралевите“ се мачеа во првото полувреме, додека во второто добија два пенали со кои го решија победникот. Првиот го реализира Винисиус јуниор во 58. минута по игра со рака на еден од домашните фудбалери, додека вториот беше направен врз него, па улогата на реализатор ја презеде Килијан Мбапе, кој беше прецизен во 75. минута.

https://twitter.com/i/status/1835051381356433732

Реал Мадрид имаше и многу среќа на овој натпревар, бидејќи Реал Сосиедад трипати ја погоди рамката од голот на Тибо Куртоа. Двапати дирекот го погоди Лука Сучиќ, а гредата ја затресе и Шералдо Бекер.

Ова беше одлично загревање за тимот на Карло Анчелоти пред стартот на Лигата на шампионите и првиот дуел во вторник на домашен терен против Штутгарт.