За разлика од делегацијата на Реал Мадрид која се откажа од патувањето во Париз, раководството на Барселона ќе биде присутно на вечерашното доделување на „Златната топка“.

Ламин Јамал е главна ѕвезда на Барселона и Шпанија и сосема заслужено ќе биде прогласен за најдобар млад играч на светот. 17-годишниот офанзивец со Шпанија го освои Европското првенство во Германија ова лето, одигра фантастично, а оваа сезона бележи незаборавни партии и во дресот на Барселона.

Покрај делегацијата од Шпанија, во Париз веќе пристигна и Родри, кој вечерва и официјално ќе биде прогласен за најдобар светски фудбалер.

Шпанија последните децении извади плејада врвни фудбалери, но поради суровата доминација на Меси и Роналдо, ниеден фудбалер од оваа земја не освои Златна топка иако бевме сведоци на волшебници како Чави и Иниеста. Родри би бил прв Шпанец освојувач на Златната топка од 1960 година кога таа му припаднала на Луис Суарез, а само трет во историјата бидејќи претходно, во 1957 и 1959 година ја освојувал Алфредо ди Стефано. Ако се земе предвид дека Ди Стефано не е роден Шпанец, туку Аргентинец, Родри би бил втор фудбалер од Шпанија со најласкавото индивидуално признание во светот на фудбалот.