Садио Мане од Ливерпул е пред потпис со Баерн Минхен, објавува „Лекип“. Според францускиот весник, Сенегалецот веќе ги договорил сите детали со германскиот гигант и по утрешното финале во Лигата на шампиони оди на медицински прегледи во Минхен.
Баварците ќе платат обештетување од 40 милиони евра за крилниот напаѓач, чиј договор со „црвените“ истекува во јуни 2023 година. Мане игра во Ливерпул од 2016 година и смета дека му е потребен нов предизвик во кариерата.