Тренерот на Рома, Жозе Мурињо денеска беше погоден од снежна топка од навивачите на Бодо Глимт, по што Португалецот одби да се поздрави со децата кои се собраа да добијат фотографија или автограм од славниот тренер.

Рома и Жозе Мурињо вечерва гостуваат во Норвешка со добриот познаник на Бодо Глимт, тимот кој му го нанесе најтешкиот пораз на Португалецот во кариерата. Во групната фаза од Конференциската лига во октомври минатата година беше 6:1 за норвешкиот клуб.

Новото доаѓање во Бодо донесе интересна сцена. Хозе се фотографираше и им даде автограми на навивачите кои се собраа на паркингот да го поздрават а потоа се упати кон група од 30-ина деца за да се поздрави и со нив.

Сепак, некој од групата решил да го гаѓа познатиот тренер со топка снег. Таа падна веднаш до него и тоа доста го изнервира познатиот стручњак.

Во тој момент се сврте кон комбето што го чекаше. Момчињата кои го извикуваа неговото име останаа без поздрав, а сето тоа благодарение на некој што сакаше да се пошегува.

https://twitter.com/TrulsNaas94/status/1511776987014221833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511776987014221833%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjose-mourinho-gadanje-grudom-norveska%2F422624