Дукуре беше човекот кој го реши дуелот на „Гудисон парк“, кога во 57. минута погоди за 1-0 против Борнмут, по што „карамелите“ успешно го одбранија водството до крајот на натпреварот.
Брентфорд пак го шокира шампионот Манчестер Сити со гол во 86. минута, кога Пинок го постигна единствениот гол на натпреварот.
Арсенал славеше со 5-0 против Вулверхемптон, а дури три гола даде во првото полувреме, откако двапати погоди Џака, а Сака постигна уште еден гол. Во вториот дел Габриел Жесус и Кивиор го поставија конечниот резултат.
Во Лигата на шампиони следната сезона ќе играат Манчестер сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл, додека во Лига Европа ќе настапат Ливерпул и Брајтон, а Астон вила обезбеди место во Конференциската лига.
Од следната сезона во понизок ранг патуваат Лестер, Лидс и Саутемптон.
Останати резултати:
Астон вила – Брајтон 2-1
Кристал Палас – Нотингем Форест 1-1
Лидс – Тотенхем 1-4
Манчестер јунајтед – Фулам 2-1
Саутемптон – Ливерпул 4-4