Реал во рок од осум дена игра против Реал Сосиедад, Интер и Атлетико Мадрид и тоа ќе биде најтешката недела оваа сезона.
Реал Сосиедад до неодамна беше лидер, падна во форма, но ова е секако меч кој во Шпанија го гледаат како пресметка на ривалите за титулата.
Реал се провлече против Севиља и Атлетик Билбао, сега продолжува низата тешки натпревари, во тимот се враќаат Герет Бејл и Дани Себаљос, но најверојатно нема да играат до крајот на 2021 година.
За Реал мечот со Интер е можеби најмалку важен, бидејќи е веќе пласиран во наредната фаза, па ќе одлучува само дали ќе завршат први или втори на табелата.
После тоа, на 12 декември следува првото дерби „мадрилењо“ во сезоната, кое ќе биде уште еден судир на кандидатите за титулата.
Мадридските медиуми пишуваат дека Карло Анчелоти ги профилирал своите стартни 11 пред оваа ударна недела и дека единствената дилема ја има на позицијата десен бек, каде избира меѓу Дани Карвахал и Лукас Васкез.
Останатото е познато, сигурни се – Куртоа, Милитао, Алаба, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винисиус и Бензема.
Реал е лидер на табелата во Ла Лига со 36 бодови, Атлетико има 29 и натпревар помалку, Реал Сосиедад исто така има 29 со исто толку одиграни натпревари, Севиља 28, Бетис 27, Рајо 24, а Барса само 23 .