Фудбалските селекции на Соединетите Американски Држави и Уругвај ја потврдија улогата на фаворити и забележаа победи во првото коло од групната фаза на Копа Америка.
САД како домаќин рутински ја совлада Боливија со 2-0 со два гола во првиот дел, прво мајсторски реализира Пулишиќ за потоа фудбалерот на Милан ја има улогата на асистент при погодокот на Балагун.
Уругвај пак беше подобар од Панама со 3-1 во средба во која најубавиот момент се случи во 16 минута кога Араухо атрактивно реализираше за поранешниот светски шампион.
Во финишот на дуелот од 85 минута, па до крајот паднаа преостанатите голови кои беа дело на Нуњез, Вина и Мурилјо.