Импресиониран од наполитанците е и македонската легенда Горан Пандев, кој неодамна замина во пензија, а тој беше дел од Наполи во периодот после историјата со Интер кога беше дел од едно страшно напаѓачко трио со Едисон Кавани, Езекиал Лавеци, а Марек Хамшик им беше поддршка.
„Наполи во моментов го игра најдобриот фудбал во Европа. Не се сомневам во тоа и сѐ ова што го прават е тотално заслужено. Наполи е исклучително силен и тоа што го покажуваат е на највисоко ниво. Во Европа и во Лигата на шампионите сите играат на врвно ниво, а Наполи има исклучителен квалитет, многу технички потковани играчи во напад, силен среден ред, посебно ми се допаѓа дефанзивниот тандем. Јас само се надевам дека Наполи ќе донесе дома трофеј, многу им значи тоа на луѓето во градот“, вели Пандев.