Неволјите на Барселона со повредени играчи се зголемуваат. Денеска клубот „пријави“ уште двајца со повреди, со што бројот на отсутни се искачи на седум. Нови „жртви“ се Андреас Кристенсен и Франк Кеси, кои се повредија на натпреварот против Интер во Лигата на шампионите.
Данскиот дефанзивец има истегнување на лигаментите на скочниот зглоб на левата нога и се очекува да закрепнува околу три недели, додека играчот од средниот ред Кеси има истегнување на адукторот и ќе му требаат најмалку десет дена за да се опорави.
Останатите петмина кои моментно се надвор поради разни тегоби се Френки де Јонг, Жул Кунде, Роналд Араухо, Мемфис Депај и Хектор Белерин.
На Барселона и следи серија натпревари, и тоа против Селта (9 октомври), Интер (12 октомври), Реал Мадрид (16 октомври), Вилјареал (20 октомври), Атлетик Билбао (23 октомври), Баерн Минхен (26 октомври). Тренерот Чави очигледно ќе има сериозни проблеми како да го состави тимот.