Сините од Лондон одлично го започнаа мечот, веќе во втората минута Џексон постигна гол со глава за водство од 1-0.
Во 27. минута Куња постигна гол за домаќините по една лоша поставеност на одбраната на Челзи, па резултатот беше израмнет на 1-1.
Во финишот на првиот дел во 45. минута Палмер со прекрасен гол го врати водството на Челзи, но гостите не отидоа на одморот со предност, бидејќи во судиското продолжение Вулвс израмни со гол на Ларсен.
Во второто полувреме на сцена стапи Мадуеке, кој беше стрелец на три многу слични голови од десната страна и тоа сите по асистенција на Палмер. Челзи дојде до водство од 5-2, но тоа не беше се.
Жоао Феликс денеска го имаше второто деби за Челзи и веднаш постигна гол. Португалецот погоди во 76. минута за конечни 6-2.
Немаше победник на мечот меѓу Борнмут и Њукасл кој заврши нерешено 1-1.
Домаќините поведоа со гол на Таверние во 37. минута, бод за Њукасл донесе Гордон во 76. минута.