Ливерпул ја оправда фаворитската улога и оствари сигурна победа од 2:0 против Брентфорд на свој терен.
Резултатот беше отворен по 13 минути игра кога колумбиецот Луис Дијаз ја погоди мрежата на Брентфорд по асистенцијата од Диого Жота.
Изгледаше дека Ливерпул ја има контролата над натпреварот, но за нов гол се чекаше до 70. минута. Стрелецот Диаз сега беше во улога на асистент за Мохамед Салах кој го постигна својот втор гол во сезоната.
По второто коло, Ливерпул заедно со Арсенал остануваат единствените екипи кои се уште се без примен гол.
Во следното коло Ливерпул го чека големото дерби во Премиер лигата и тоа на гостински терен против шампионот Манчестер Сити. Тој натпревар се игра идната недела во терминот од 17:00 часот.