Гендузи ги израдува гостите по 10 минути игра во првото полувреме, кога ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 1-0, меѓутоа Лион со два гола во завршницата преку Шакири и Дембеле стигна до триумф од 2-1.

Лион со новата победа се израмни со петтопласираниот Рен по број на бодови, а еден повеќе од нив има Стразбур, додека третопласиран е Марсеј со 40 бода.