Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи да ги тресе мрежите во шкотскиот фудбал и вечерва постигна уште еден гол во дресот на Абердин.

На натпреварот против Хартс, нашиот напаѓач одново се запиша во листата на стрелците, откако во 53. минута донесе израмнување за својот тим (1-1).

За Миовски ова е седми овосезонски гол во Премиершип и со тоа се искачи на четвртата позиција на листата на стрелците во шкотскиот шампионат.

Миовски поради повреда мораше предвреме да го заврши натпреварот против Хартс.

 Македонецот мораше да биде заменет поради повреда. Тестовите кои ќе бидат направени по мечот ќе покажат дали се работи за нешто сериозно.