Лидерот на табелата, Шкупи славеше на гостувањето кај Скопје со 2:1 со голoвите на Алварез и на Шенхор.

Во Струмица имаше многу борба, шанси, два црвени, но А. Пандев и Брегалница одиграа 0:0.

Исто како и во Струмица и во Струга средбата Струга ТЛ и Тиквеш заврши без голови.

Борец одигра добро и извлече бод против фаворизираната Македонија ЃП. Ѓорѓевиќ донесе водство, а Камара израмни за “лавовите“.

Во Тетово екипата на Шкендија имаше големи проблеми со Пелистер. Гостите имаа водство по првиот дел, но сепак Гури и Кривак во второто полувреме стрелаа за 2:1, за победа на Шкендија.

Резултати, 16 коло ПМФЛ:

Академија Пандев – Брегалница 0:0

Борец – Македонија ЃП 1:1

Скопје – Шкупи 1:3

Шкендија – Пелистер 2:1

Струга – Тиквеш 0:0

Вчера:

Работнички – Ренова 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore