Најавените состави на Италија и на Македонија се официјализирани. Селекторот на Италија, Роберто Манчини, на голот го постави Донарума, централни стопери се Бастони и Мансини, десен бек е Флоренци, а лево ќе делува Емерсон.
Во средниот ред се Жоргињо, Верати и Барела, и во нападот Берарди, Имобиле и Инсиње.
Столе Димитриевски на голот на Македонија, десната бековска позиција е за капитенот Стефан Ристовски, а лево е Езгјан Алиоски. На стоперските позиции се Велковски и Муслиу.
Во средниот ред ќе делуваат Адеми, Барди и Николов, а во напаѓачкото трио Чурлинов, Милан Ристовски и Трајковски.