Аталанта со пресврт дојде до триумф на вчерашното гостување кај Болоња (2-1) во меч од 17. коло од Серија А.
Домаќинот преку Рикардо Орсолини поведе по само шест минути игра, што беше емотивен момент бидејќи веднаш погледна кон небото посветувајќи го голот на неодамна починатиот Синиша Михајловиќ, кој до неодамна беше тренер на овој тим. Мечот почна со оддавање почит на Србинот, а на трибините на секаде имаше српски знамиња и транспаренти со збогувања со легендата.
Гостите од Бергамо со два брзи погодоци во првите 15 минути од второто полувреме преку Купмејнерс и Хојлунд направија пресврт и ја осигураа важната победа. Головите погледнете ги ТУКА.
Аталанта со овој триумф се искачи на шестата позиција со 31 бод, колку што има и петтопласираниот Лацио и седмопласираната Рома.