Србите и пред три дена одиграа одлично, но тогаш загубија од Швеѓаните во Халмштад, а вечерва успеаја да им се реваншираат. Најефикасни во победничкиот тим беа Кукиќ и Радивојевиќ со по пет голови, додека Лукас Пелас со шест погодци беше најпрецизен кај викинзите.
Србите на СП се во групата Е со Германија, Алжир и Катар, додека Шведска ќе игра против Бразил, Уругвај и Зеленортски острови. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, пак, во прелиминарната фаза за противници ќе ги има Норвешка, Холандија и Аргентина. Пласман во следната фаза обезбедуваат трите најдобри во секоја од осумте групи.