Фудбалерите на Арсенал се пласираа во 4. коло од ФА купот, откако вечерва, со комбиниран тим на гостински терен, го совладаа третолигашот Оксфорд Јунјатед (3-0).

Арсенал цел час се мачеше да ја погоди мрежата на домашниот состав, што конечно му успеа на Елнени во 63. минута, додека Нкетиа постигна два погодоци во 70. и 76. минута со што го осигура пласман во следната рунда. Головите погледнете ги ТУКА.

Со ова, „топчиите“ се изборија за големо дерби во шеснаесетина финалето од ФА купот, со оглед што ќе ги одмерат силите со Манчестер Сити.