Ангел Ди Маија брилијантно го замени Лионел Меси како капитен на Аргентина во квалификациите за Светското првенство. Откако постигна гол во Уругвај, го повтори и во Чиле. Во победата од 2:1 тој погоди прекрасно по една убава соло акција.
Тој ја прими топката во центарот, и нареди неколку противнички играчи пред да стигне на околу 20 метри од голот. Оттаму, иако повторно опкружен со тројца ривали, со лева ја погоди спротивната, десната мала мрежа на чилеанскиот голман.