Многу тажна вест доаѓа од Шпанија каде што почина 63-годишниот Маркос Алонсо после долгата борба со болест.
Алонсо беше еден од најважните фудбалери во Шпанија во минатото, а во текот на својата кариера играше за Расинг Сантандер, Атлетико Мадрид и Барселона, а ги помина и сите категории на шпанската репрезентација.
Имаше и богата тренерска кариера, предводејќи многу екипи- Рајо Валјекано, Севилја, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Валјадолид, Малага и Гранада.
Во каталонскиот тим играше од 1982 до 1987 година и остави неизбришлива трага во Барселона.
https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1623621891666608129?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623621891666608129%7Ctwgr%5E83752848d0cd6d5380505b1b3869017f94b50122%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Ftaga-na-kamp-nou-pochina-legendarniot-markos-alonso