Реал Мадрид со убедливи 3-0 го победи Кадиз, Барселоназагуби кај Жирона, па кралскиот клуб е нов шампион.
Анчелоти направи дури десет измени во составот на Реал Мадрид во однос на мечот против Баерн Минхен од ЛШ.
Кадиз одолеваше во првото полувреме, но не можеше и во вториот дел. Резултатот го отвори Брахим Диаз со прекрасен гол во 51. минута.
Веднаш откако влезе во игра, Џуд Белингем даде гол во 68. минута за предност на Реал Мадрид и од 2-0.
Во третата минута од судиското продолжение по асистенција од Начо Ернандез, Хоселу ги постави конечните 3-0.