Фудбалерите на Рома на домашен терен ја победија Салернитана со 2:1, во натпреварот од 32. коло на италијанската Серија А.

Стрелци за Рома беа Карлес Перез во 81. минута и Крис Смолинг во 85. минута.

Голот за Салернитана го постигна српскиот интернационалец Иван Радовановиќ од слободен удар во 22. минута.

Рома ја забележа 17-та победа во првенството и е на петтото место со 57 бодови. Салернитана е на последното, 20. место со 16 бодови.

Во следното коло Рома му гостува на Наполи, додека Салернитана ја пречекува Сампдорија.

Серија А, 32. коло:

недела:
Џенова – Лацио 1:4 (0:2)
Патрик 68 (аг) – Марушиќ 31, Имобиле 45 + 1, 63, 76
Наполи – Фиорентина 2:3 (0:1)
Мертенс 58, Осимен 84 – Гонзалес 29, Икони 66, Кабрал 72
Сасуоло – Аталанта 2:1 (1:0)
Траоре 24, 61 – Муриел 90 + 2
Венеција – Удинезе 1: 2 (0: 1)
Анри 86 – Делофеу 35, Бекао 90 + 3
Рома – Салернитана 2:1 (0:1)
Перез 81, Смолинг 85 – Ѓуриќ 22
20.45 Торино – Милано

Понеделник:
20.45 Болоња – Сампдорија

Сабота:
Емполи – Специја 0:0
Интер – Верона 2:0 (2:0)
Буре 22, Џеко 30
Каљари – Јувентус 1: 2 (1: 1)
Педро 10 – Де Лихт 45, Влаховиќ 75

Standings provided by SofaScore LiveScore