Веста за трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус предизвикаа бурни реакции кај навивачите на Фиорентина.
Тие во текот на ноќта најпрво објавија заканувачки пораки во градот, а поради тоа мораше да реагира и полицијата.
Најжестоките приврзаници на тимот од Фиренца му порачаа на српскиот голгетер дека „ни обезбедувањето не може да го спаси“, а токму тоа се случува.
Полициски сили се пред куќата во која е сместен Влаховиќ, пренесува италијанска „Ла Република“.
Споменатиот весник наведува дека Влаховиќ не побарал заштита од полицијата, односно дека не се обратил до надлежните, туку дека самата полиција дошла до заклучок дека е најпаметно времето да се помине во близина на резиденцијата на Србинот.
Да потсетиме, италијанските медиуми објавија дека трансферот на Влаховиќ во Јувентус е сигурна работа.
Висината на обештетувањето е наводно 67.000.000 евра, додека со бонусите Фиорентина би можела посериозно да заработи.