Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година го претрпе четвртиот пораз во квалфикикацискиот циклус за пласман на Европското првнество во 2023 година во Романија и Грузија. Селекцијата на Драган Канатларовски загуби со 2-1 од Србија на гостувањето во Белград во дуелот од 8. коло во групата Х.
Бојан Димовски во 83 минута беше стрелец на едниствениот гол за македонската репрезентација откако претходно Србите поведоа со 2-0 со головите на Пантовиќ во 9 и на Јовиќ во 82 минута.
Македонската селекција сега е на четвртата позиција на табелата со шест бода, Србите го презедоа третото место во осум бода.
Следен противник за нашиот млад нацонален состав на домашен терен е селекцијата на Фарски Острови, дуелот е закажан за следниот вт0рник (29.03).